Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави Јавниот повик бр.01/2018 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2018 година.
Мерката 1 опфаќа три потпочки и тоа:

1.3 Риболовни пунктови – изградба на нови, реконструкција и адаптација на постоечки риболовни пунктови, надомест за услуга за користење на … постоечки пунктови

1.4 Финансиска поддршка за рехабилитација на риболовни води за доградба ,надградба и опремување на постоечките капацитети/мрестилишта за производтсво на репродуктивен и порибителен материјал

1.5 Изградба и реконструкција на мандри за традиционален лов на риба во Дојранско езеро

Мерката 2 е за финансиска поддршка за инвестиции во аквакултурата. Крајниот рок за доставување на барања за користење на средства преку „Програмата за рибарство и аквакултура“ е до 9- ти јули 2018 година.

Сите детални информации може да се добијат на официјалната веб страна на Агенцијата односно на www.ipardpa.gov.mk