Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот оглас 07/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површина до 3 хектари. Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се издава е во следните региони и тоа: Битола, Велес, Македонски Брод, Гевгелија, Демир Хисар, Крива Паланка, Кратово, Стумица, Пробиштип, Тетово.

Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во зкауп со овој јавен оглас е со намена за:
-подигање на долгогодишни насади( лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за … период до 30 години,
-подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
-подигање на маслинарници за период до 50 години,
-одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години,
-ливади за период до 15 години,
-за одгелдување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,
-рибарници до 20 години,
-спортско- рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Право на учество имаат домашни физички и правни лица како и странски правни лица. Сите детални информации за јавниот оглас како и листата на населени места за регион Велес каде се опфатени и населените места за Општина Чашка може да се добијат на официјалната веб страна односно www.mzsv.gov.mk како и на лице место во МЗШВ РЕ Велес или во Секторот за регистрирање и управување со земјоделско земјиште на телефон:02 313 44 77.