Преку проектот „Промовирање и проширување на моделите за вклучување на малцинствата и другите ранливи групи во Западен Балкан“, кој го спроведува НАЛАС (мрежа на асоцијации на локални власти на југоисточна европа) во соработка со ЗЕЛС и здруженијата на локални власти од Западен Балкан, поддржан од ГИЗ – Германското друштво за меѓународна соработка, во име на германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ) Општина Чашка успеа да набави опрема за локалната самоуправа.
Проектот се спроведуваше преку Одделението за локален економски развој и јавни дејности и Одделението за информатичка технологија при Општина Чашка. Општина Чашка беше вклучена во активности за градење на капацитети за примена на пристапот „Општински претставник за малцински права“ и е една од четирите општина во Р. Северна Македонија кои го добија финансиска поддршка за пилотирање на овој пристап на локално ниво.
Во оваа насока за општината беше набавена техничка опрема, а беа спроведени активности со цел соодветен одговор на потребите на малцинските заедници во општината.

Опремувањето со лаптоп Dell Vostro 3500 i5 со лиценциран оперативен систем, печатач EPSONL3111, ЛЦД проектор ACER, подвижно проекционо платно како и дигитална камера NIKON DSR D3500 + 18-55 VR & AF-P 70-300 VR, ќе го олесни пристапот на лицето задолжено за малцински заедници и ќе придонесе во подобрување на неговата работа (дневна комуникација, едукација и зголемување на неговите вештини и креирање на план за дејствување во локалната заедница). Набавката на опремата е во вредност од 1732 евра без ДДВ.