Градоначалникот на Општина Чашка врз основа на постигнатите резултати во учебната година 2017/2018 година, награди 7 ученици од основните училишта на територија на Општина Чашка. Наградените ученици имаа можност да се запознаат со Градоначалникот Горан Стојановски, кој воодушевен од нивните резултати и залагања им подели училишни ранци со прибор, со што уште еднаш …

се докажа дека трудот се исплатува.

Од ООУ „ Петре Поп Арсов“ Богомила се истакнаа:
-Џенита Кицара, VII одделение
-Василиса Петрушева, VII одделение

Од ООУ „Тодор Јанев“, Наслеба Чашка награди добија учениците:
-Христина Димовска VIII одделение
-Амер Таировски IX oдделение

Најдобри од ООУ „Лирија“, Горно Јаболчиште се:
-Нејла Беќирова VII одделение
-Натмир Зеќири IX oдделение
-Басри Максудов IX одделение

Искрено се надеваме дека бројот на ученици кои се истакнуваат во своето образование во иднина ќе се зголемува.
Покрај овие награди заслужните ученици добија и новогодишни подароци.