Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски денес оствари работна посета на детската градинка „Бамби“ во населба Чашка. Целта на посетата е донација од локалната самоуправа на телевизор и пакети со специјално изработени детски играчки тестирани во акредитирани лабаратории во согласност со европските стандарди ЕН 71 и европската директива за безбедност на…
играчките. Со ова целосно ќе се опремат просториите на градинката во кој престојуваат деца од 2 до 6 годишна возраст.


При средбата со децата и вработените во градинката, Градоначалникот ја изрази својата искрена радост и благодарност за срдечниот прием, споделувајќи дека нема поголем успех за поединец или институција од можноста за вклученост во процес на едукација, развој и поттикнување детска радост. Тој потенцираше дека оваа акција не е еднократна активност туку стратешка определба на локалната самоуправа за социјална одговорност каде еден од главните фокуси е поддршка на развојот и едукацијата на деца од предучилишна возраст.