Денес свечено беше пуштен во употреба новиот реновиран простор со комплетно нова опрема за Советот на општина Чашка, преку проектот „Подобрување на условите на Советот на Општина Чашка за поголема транспарентност и граѓанско учество во неговата работа” врз основа на Меморандумот за сосработка потпишан помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации, УНДП и Општина Чашка како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“.

Покрај јакнење на капацитетите на советниците преку обуки, органзираните форуми на зедниците општина Чашка доби и трета компонента, финансиска поддршка за воведување на иновативност базирано на ИКТ во висина од 12.000 CHF.

Општина Чашка набави опрема за online streaming на седниците на совет. Со опремата се зголемува транспарентноста на советот и сите жители ќе имаат можност да ги следат во живо седниците на Советот.