Преку Вардарскиот плански регион , Општина Чашка се обезбедија средства во висина од 2 000 000 денари за чистење на речното корито на река Тополка помеѓу Горно и Долно Јаболчиште во должина од 4 км, со што ќе се исфрли смет од 5000м3 до општинската депонија Раковец и заштити реката Тополка. Средствата се обезбедија преку грантовата шема финансирана од Програмата за развој на … Обединетите нации(УНДП).

Проектот „Подобрување на животната средина преку санација на диви депонии и чистење на речно корито на река Тополка во селата Горно и Долно Јаболчиште, со цел да се обезбеди заштита на водите на хидросистемот Лисиче“ директно ќе придонесе кон подобрено управување со животната средина и инфраструктура преку санација на дивите депонии и чистење на речното корито на река Тополка во селата Долно Јаболчиште и Горно Јаболчиште со имплементација на проектните активности до декември 2018 година.

На територија на општина Чашка односно во селата Горно и Долно Јаболчиште алармантна е сосотојбата со еколошка катастрофа која го погодува населението на селата Горно и Долно Јаболчиште преку загадување на животната средина и директно е загрозена брана Лисиче.

Селата Горно и Долно Јаболчииште просторно се наоѓаат во пошироката заштитна зона на акумулацијата Лисиче лоцирана во КО Лисиче и КО Дреново. Водата од акумулациајта на с.Лисиче преку цевковод се транспортира до фабриката за вода во Велес од каде се врши водоснадбување на повеќе од 60 000 жители во градот Велес и блиската околина до викенд населбата на Езеро Младост.

Според пописот на население од 2002 година бројот на населението во с.Горно Јаболчиште изнесува 1741 жители а во с.Долно Јаболчиште 718 жители. Низ селата Горно и Долно Јаболчиште поминува река Тополка на која се прклучуваат повеќе водотеци кои преставуваат нејзни притоки кои заедно со река Тополка ја полната акумулацијта Лисиче.

Моменталната состојба на речното корито на река Тополка низ Горно и Долно Јаболчиште се карактеризира со нерегурлиран профил и исполнет со разновиден отпад почнувајќи од фекали, па да пакувања од хемикалии кои имаат третман на опасен отпад.
Состојбата со акумулираниот отпад во речното корито на река Тополка од ден во ден станува се поалармантна биејќи количината на отпад се зголемува и квалитетот на вода во акумулацијата се намалува на штета на водокорисниците.

Проектот има регионално значење бидејќи ќе ги подобри условите за живот и ќе обезбеди чиста и квалитетна вода за пиење не само за околу 60.000 жители на град Велес и блиската околина до викенд населбата на Езеро Младост, а индиректно жителите од Општина Чашка. Истовремено, овој проект ќе ја спречи еколошката катастрофа од големи размери и подигнување на свеста за зачувување на животната средина.