Врз основа на член 19 и член 23 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ брoj 68/2004; 127/2006; 114/2009; 83/2010; 140/2010; 17/2011; 53/2011; 6/2012; 23/2013; 120/2013; 163/2013; 187/2013; 42/2014; 112/2014; 166/2014; 44/2015; 97/2015; 124/2015; 129/2015; 193/2015; 37/2016; 71/2016; 64/2018; 140/2018) и „Службен весник на Република Северна Македонија бр. 275/19) и согласно Спогодба за заедничко организирање на линиски превоз на патници, помеѓу општина Велес бр.08-3281/1 од 15.05.2015 година и општина Чашка бр. 03-141/4  од 15.05.2015 година и согласно со Спогодбата за измена и дополнување на Спогодбата за заедничко организирање на линиски превоз на патници помеѓу општина Велес бр.08-977/2 од 21.02.2022 година и општина Чашка бр. 03-276/1 од 18.02.2022 година се објавува:

О  Б  Ј  А  В  А

за прибирање на понуди за распределба на линија за превоз на патници на територијата на

Општина Чашка до територијата на Општина Велес и обратно за линиите

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Предмет на Јавниот повик е распределба на линији за превоз на патници на територијата на Општина Чашка до територијата на Општина Велес и обратно за линиите и тоа:

Реден бројБрој на линијаНазив на линијатаТраса на линијаталокации на почетни,попатни и крајни стојалишта насоки
114Велес-Чашка-ВелесАвтобуска станица Велес, Основен Суд, Спортска сала Гемиџии, Жито Вардар, Надвозник на битолска пруга (*поранешен СИЗ за домување), Споменик А.Д.Бауман,Касарна, Детска градинка клон 4, Комплекс згради Т2, Превалец, Војничка раскрсница, Чашка  и Обратно Чашка, ав.стојалиште Војничка раскрсница, ав.стојалиште Превалец, ав. стојалиште Комплекс згради Т2,  Ав.стојалиште детска градинка клон 4, *Трговски центар, Комплекс згради „Бисер“, Театар, ЈХК Џинот, Срмаале,Автобуска станица.
  215Велес-Јасеново-ВелесАвтобуска станица Велес, Врановски Анови, Стари Град, Извор, раскрсница за Владиловци, Болница Јасеново и обратно.
316Јасеново – Велес – ЈасеновоБолница Јасеново, раскрсница за Владиловци, Извор, Стари Град, Врановски Анови,, Автобуска станица Велес и обратно.
417Богомила-Велес-БогомилаБогомила, Согле, Теово, раскрсница за Оморани, Потчука, раскрсница за Мартолци, Автобуска станица Велес и обратно.
519Горно Јаболчиште-Велес-Горно ЈаболчиштеГорно Јаболчиште, Долно Јаболчиште, Дреново, Автобуска станица Велес и обратно.
620Велес-Мелница-ВелесАвтобуска станица Велес, Основен Суд, Спортска сала Гемиџии, Жито Вардар, Надвозник на битолска пруга (*поранешен СИЗ за домување),  Споменик А.Д.Бауман,Касарна, Детска градинка клон 4, Комплекс згради Т2, Превалец, Војничка раскрсница, Чашка,  раскрсница за с.Чашка, раскрсница за Еловец, раскрсница за Голозинци, Мелница и обратно Мелница, раскрсница за Голозинци, раскрсница за Еловец,  раскрсница за с.Чашка,  Чашка, Војничка раскрсница, Превалец, ав. стојалиште Комплекс згради Т2,  ав.стојалиште детска градинка клон 4, *Трговски центар, Комплекс згради „Бисер“, Театар, ЈХК Џинот, Срмаале, Автобуска станица.
721Лисиче-Велес-ЛисичеЛисиче, раскрсница за Голозинци, раскрсница за Еловец, раскрсница за с. Чашка, Чашка, Војничка раскрсница, Превалец, Комплекс згради Т2, детска градинка клон 4, Трговски центар, Комплекс згради Бисер, Театар ЈХК Џинот, С’армаале, (*поранешни Магро, Тедико, Дом на АРМ), Автобуска станица Велес и обратно Автобуска станица Велес, Основен Суд, Спортска сала Гемиџии, Жито Вардар, Надвозник на битолска пруга (*поранешен СИЗ за домување), Споменик А.Д.Бауман, Касарна, Детска градинка клон 4, Комплекс згради Т2, Превалец, Војничка раскрсница, Чашка,   раскрсница за с.Чашка, раскрсница за Еловец, aв.стојалиште раскрсница за Голозинци, Лисиче.
822Велес-Лисиче-ВелесАвтобуска станица Велес, Основен Суд, Спортска сала Гемиџии, Жито Вардар, Надвозник на битолска пруга (*поранешен СИЗ за домување), Споменик А.Д.Бауман, Касарна, Детска градинка клон 4, Комплекс згради Т2, Превалец, Војничка раскрсница, Чашка,   раскрсница за с.Чашка, раскрсница за Еловец, Ав.стојалиште раскрсница за Голозинци, Лисиче и обратно Лисиче, раскрсница за Голозинци, раскрсница за Еловец, раскрсница за с. Чашка, Чашка, Војничка раскрсница, Превалец, Комплекс згради Т2, детска градинка клон 4, Трговски центар, Комплекс згради Бисер, Театар ЈХК Џинот, С’армаале, (*поранешни Магро, Тедико, Дом на АРМ), Автобуска станица Велес

(*Означените локации во табелата со (*) се локации кои се прецизирани во спогодба за која е дадена согласност од МТВ, се врши само појаснување каде се локациите, поради промена на рeжимот на сообраќај низ улиците во Град Велес согласно донесените одлуки од Советите).

Локациите на автобуските стојалишта се утврдуваат со одлуки на советите на општините и нивното оддржување е обврска на општините. Превозниците се должни да се придржуваат кон утврдените локации на автобуски стојалишта.

Дозволите за вршење на меѓуопштинскиот линискиот превоз на патници се доделуваат за времетраење од 5 ( пет ) години.

Заинтересираните превозници, Понудите да ги достават до општина Чашка ул.Илинденска бр.8 Чашка, во рок од 7 (седум) дена од денот на објавувањето на објавата, во затворен плик препорачано по пошта или со потврден прием во архивата на горенаведената општина со ознака „Понуда за распределба на линиски превоз на патници за територијата на Општина Чашка до територијата на општина Велес и обратно“, во затворен внатрешен плик на кој во левиот агол стои “Не отварај“.

Понудата за распределба на општински линиски превоз на патници потребно е да ги содржи следните податоци:

-Линијата за кои се бара распределба;

-Понудена цена за превозот;

– Фотокопие од Решение за упис во централен регистар во кое ќе има регистрирана претежна дејност – Вршење на превоз на патници во патниот сообраќај, не постаро од 60 дена;

-Фотокопие од Лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници

-Фотокопие од Извод од лиценца за сите возила со којшто се планира да се врши превозот;

-Фотокопие од Потврда за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз на патници;

-Фотокопии од сообраќајните дозволи за секое возило одделно или Договор

за лизинг со сообраќајните дозволи за возилата што ги користи по договор за лизинг од овластен дистрибутер (заверени кај нотар);

-Список на вработени возачи во редовен работен однос со фоткопие на обрасците М1 и М2;

-Потврда од надлежен суд дека не е во сила правосилна судска одлука за сторено кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во на сообраќајот, не постара од 60 дена;

-Потврда од надлежен суд дека не е изречена мерка за безбедност, забрана за вршење на дејност, не постара од 60 дена;

Истата треба да биде потпишана и заверена од законскиот застапник на превозникот.

Постапката за распределба на линии за превоз на патници за територијата на Општина Чашка до територијата на општина Велес и обратно“, ја спроведува Комисијата за спроведување на постапка за доделување на линии за вршење на линиски превоз на патници формирана од Градоначалниците на општина Чашка и општина Велес, врз основа на следните критериуми:

-Цена за понудената линија – за најниска цена максимални 20 (дваесет) бода, за секоја наредна понуда повисока од претходната се одземаат по 2 (два) бода од максималниот број на бодови;

-Старосна структура на возилата со кој ќе се врши линиски превоз;

Старост на возилото (години)Бодови
0-540
6-1035
11-1230
13-1425
15-1620
17-1815
19-2010
преку 200

-Број на возила со кој ќе се врши линиски превоз – максимално 10 (десет) бода, за секоја наредна понуда помала од претходната се одзема по 1 (еден) бод од максималниот број на бодови;

-Број на поаѓања од почетно стојалиште за побараната линија – за секое поаѓање од почетно стојалиште се добива по 1 (еден) бод;

Понудите кои не се поднесени во предвидениот рок и кои не ги содржат комплетно бараните податоци (докази) од Објавата, нема да бидат разгледувани.

Отварање на понудите ќе се врши на ден 30.03.2022 година,во 13 часот во просториите на општина Чашка,во присуство на понудувачите.               

За подетални информации може да се обратите секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот во општина Чашка на тел.043/241-400 (лице за контакт Бојанка Мирова -Претседател на комисија).

Претседател на

Комисија за спроведување на постапка за доделување на

линии за вршење на линиски превоз на патници

Бојанка Мирова, с.р.