На иницијатива на Градоначалникот на Општина Чашка , на ден 13. 07. 2018 година (Петок) со почеток во 13 :00 часот, во просториите на Општина Чашка се оддржа средба на тема „ Заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи“.

Присуство на средбата земаа претстваници од Советот на Општина Чашка, Општина Велес, ТППЕ Велес , ДЗС Велес, ЈКПД„ Тополка“ Чашка како и г-дин Слободан Вуковиќ од сектор за оператива и логистика при Дирекција за заштита и спасување Скопје, командир на ПС Велес, како и на ПС Чашка.

Присутните изразија благодарност за поканата и несебично се заложија со свои препораки, коментар и искуства да се надминат проблемите како и дадат насоки за … нивно надминување .
Целта за средбата оствари позитивен резлтат, за размена на искуства и мислења за подобро и поорганизирано делување во случај на природни непогоди и други несреќи. Посебен фоукс на средбата беше ставен на заштита од пожари кои се честа несакана појава во овој летен период.

Општина Чашка како една од најголемите општини по територија, богата со шуми, пасишта и друг вид вегетација, често се случува да биде зафатена од пожари на отворен простор кои во главно нанесуваат материјална штета, а може да дојде и до загрозување на безбедноста на граѓаните и нивните добра.

Средбата овозможува споделување на идеи и препораки за надминување на проблемите како и оддржување на понатамошна соработка меѓу институциите, субјектите и другите чинители.
Градоначалникот изрази спремност за обезбедување на локација за оддржување на практична обуки за просторните сили на Општина Чашка , Велес и Градско.

Општина Чашка има формирано општински штаб за заштита и спасување-со измени, Универзална единица за заштита и спасување во висина на вод – кој документ е ажуриран во делот на луѓето поради тоа што луѓето членови на универзалната единица за заштита и спасување донесена од Советот на Општината во 2007 година, не се активни, и немаме нивни контакти. Дел од луѓето од Универзалната единица за заштита и спасување кои се од повеќе населени места, ќе бидат ангажирани за да помогнат во гасењето на пожари.Со цел да се опреми универзалната едница констатирано е дека е потребна обука за истите како и неопходно обезбедување на опрема за гасење на пожари.