Локалната самоуправа во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“започна со реализација на Форуми во заедницата. Првиот форум за оддржа на 26 февруари 2020 година на кој активно учествоо земаа учесници, претставници од месното население односно месните заендици, претставници од институциите и тоа :ООУ „ Тодор Јанев“ Населба Чашка, ООУ„ Лирија“ Горно Јаболчиште, ООУ„ Петре Поп Арсов“ Богомила, Центар за социјална работа, Организација на жени Велес, ЗГ АКТИВО Велес, Здружение на пензионери, советници, општинска администрација, детска градинка КЛОН БАМБИ Населба Чашка, ЗГ Подади рака Чашка, ЈПКД Тополка Чашка.
Форумот започна согласно дневниот ред, започна со обраќање на , модераторот Игор Тасевски, комодераторот Лидија Пљакова кои …
имаа за цел запознавање на присутните со форумите на гражаните, модел на партиципативно учество, социјалната инклузија и секако спроведување на активнсти преку дефинирање на проблеми и потреби .
Пред присутните свое обраќање и поттик за вклучување на што поголем број на присутни лица, искористување на можноста месното население, жителите да одлучат за проектна идеја даде и Градоначалникот на Општина Чашка како и претставник на Советот Халит Фератов.
На форумот активно учество земаа 60 лица, од кои 19 се жени, од наслените места и тоа: населба Чашка, Мелница, Горно Јаболчиште. Долно Јаболчиште, Извор, Богомила, Горно Врановци, Стари Град како и од Велес, преку здруженијата на граѓани кои се регистрирани во Велес, но со своите активности делуваат на територија на Општина Чашка.
Форумскиот процес овозможува : вклучување на граѓаните во процесот на одлучување, создавање и јакнење на капацитети на сите вклучени страни, подобрување на соработката, вмрежување и создавање на партнерства на локално ниво, подобрување на животот на луѓето во заедницата.
Проектниот форум ќе биде основа на идеи, подготовка и финансирање на конретни проекти. Најмалку 1, а најмногу 3 проекти ќе бидат поддржани, а проектен фонд со кој располага форумот е 50.000 CHF. Главна тема на интервенција на форумот е Социјална инклузија, вклучувајќи и поврзани теми со родова еднаквост, добро владеење и социјална инклузија и меѓуетничка соработка
Согласно своите афинитети учесниците имаа можност да се поделат во работни групи и тоа : социјала, култура, спорт, млади, месни заедници, општинска администрација и совет, образование. Секоја работна група имаше можност да приоретизира проблеми како и развивање на 5 концепт проекти за нивно решавање.
Концепт идеите за проектите ќе бидат презентирани на 10 март 2020 година со почеток во 12:30 часот во салата на ООУ„ Тодор Јанев„ Населба Чашка.
Воедно локалната самоуправа апелира за искористување на можноста од страна на жителите за нивно вклучување во форумските сесии.