Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), Градоначалникот на Општина Чашка, донесе:
ОДЛУКА
за избор за унапредување на административен службеник по интерен оглас
- По интерниот оглас бр.2/2019 за унапредување на административен службеник, објавен на 17.10.2019 на веб страната на Општина Чашка и Агенцијата за администрација-за работно место
Раководител на Одделение за …
информатичко комуникациска технологија со шифра УПР0101Б04000 во Одделение за информатичко комуникациска технологија, од предложената ранг листа, се избира следниот кандидат:
– Димче Ангелов
2.Градоначалникот на општина Чашка, во рок од пет дена по конечноста на Одлуката, ќе донесе Решение за унапредување на административниот службеник од точка 1 на оваа Одлука.
3.Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето.
Образложение
На ден 17.10.2019 година на веб страната на Општина Чашка и на веб страната на Агенцијата за Администрација објавен е Интерен оглас бр.2/2019 за унапредување на административен службеник во Општина Чашка,за работно место-
Раководител на Одделение за информатичко комуникациска технологија со шифра УПР0101Б04000 во Одделение за информатичко комуникациска технологија, 1 извршител.
Со Решение бр.09-1454/6 од 21.10.2019 година, формирана е Комисија за селекција за унапредување на административен службеник. Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник спроведе административна селекција и Записник од административна селекција за интерен оглас бр.04-1454/7 од 25.10.2019 година.
На ден 30.10.2019 година, Градоначалникот, спроведе интервју со уредниот кандидат за работното место под реден број 01. од интерниот оглас
-Раководител на Одделение за информатичко комуникациска технологија со шифра УПР0101Б04000 во Одделение за информатичко комуникациска технологија, 1 извршител и изготви финална ранг листа на интервјуирираниот кандидат и предлог одлука за избор на прво рангираниот кандидат, Записник број 04-1454/8 од 30.10.2019 година.
Од финална ранг листа и предлог одлуката за избор на прво рангираниорт кандидат,број 04-1454/8 од 30.10.2019 година, Градоначалникот на Општина Чашка изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.
Правна поука: Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата за администрација.
ОПШТИНА ЧАШКА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Горан Стојановски