Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), Градоначалникот на Општина Чашка, донесе:

ОДЛУКА
за избор за унапредување на административен службеник по интерен оглас

1.По интерниот оглас бр.1/2019 за унапредување на административен службеник, објавен на 13.09.2019 на веб страната на Општина Чашка и Агенцијата за администрација-за работно место број 3 – УПР0101В04000 Помлад соработник за администрирање на даноци и такси -1 извршител во Одделение за финансиски прашања, од предложената ранг листа, се ….

избира следниот кандидат:

Валентина Ристова

2.Градоначалникот на општина Чашка, во рок од пет дена по конечноста на Одлуката, ќе донесе Решение за унапредување на административниот службеник од точка 1 на оваа Одлука.

3.Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето.

Образложение

На ден 13.09.2019 година на веб страната на Општина Чашка и на веб страната на Агенцијата за Администрација објавен е Интерен оглас бр.1/2019 за унапредување на административен службеник во Општина Чашка,за работно место број 3 – со шифра УПР0101В04000 Помлад соработник за администрирање на даноци и такси -1 извршител во Одделение за финансиски прашања

Со Решение бр.09-1249/8 од 23.09.2019 година, формирана е Комисија за селекција за унапредување на административен службеник. Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник спроведе административна селекција и Записник од административна селекција за интерен оглас бр.04-1249/9 од 01.10.2019 година.

На ден 01.10.2019 година, Комисијата за селекција спроведе интервју со уредниот кандидат за работно место под реден број 3 од интерниот оглассо шифра УПР0101В04000 Помлад соработник за администрирање на даноци и такси -1 извршител во Одделение за финансиски прашања и Комисијата за селекција за унапредување изготви финална ранг листа на интервјуираниот кандидат и предлог одлука за избор на прво рангираниот кандидат, Записник број 04-1249/10 од 01.10.2019 година.

Од доставената финална ранг листа и предлог одлуката за избор на прво рангираниорт кандидат, број 04-1249/10 од 01.10.2019 година, Градоначалникот на Општина Чашка изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

Правна поука: Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата за администрација.

ОПШТИНА ЧАШКА

ГРАДОНАЧАЛНИК

Горан Стојановски