Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и сл.весник на Република Северна Македонија бр.275/19 и 14/20),Градоначалникот на Општина Чашка, донесе:

О Д Л У К А
за избор за унапредување на административен службеник по интерен оглас

По интерниот оглас бр.1/2020 за унапредување на административен службеник, објавен на 29.10.2020 на веб страната на Општина Чашка и Агенцијата за администрација-за работно место


1.Раководител на СЕКТОР ЗА СТРУЧНА ПОДДРШКА, ПРАВНИ, ОПШТИ РАБОТИ И ИКТ УПР0101Б02000-(1) извршител.


од предложената ранг листа,се избира следниот кандидат:


–Мирова Бојанка


2.Градоначалникот на општина Чашка, во рок од пет дена по конечноста на Одлуката, ќе донесе Решение за унапредување на административниот службеник од точка 1 на оваа Одлука.


3.Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето.


О б р а з л о ж е н и е

На ден 29.10.2020 година на веб страната на Општина Чашка и на веб страната на Агенцијата за Администрација објавен е Интерен оглас бр.1/2020 за унапредување на административен службеник во Општина Чашка,за работно место-

Раководител на СЕКТОР ЗА СТРУЧНА ПОДДРШКА, ПРАВНИ, ОПШТИ РАБОТИ И ИКТ УПР0101Б02000-(1) извршител.

Со Решение бр.09-1619/7/2 од 03.11.2020 година, формирана е Комисија за селекција за унапредување на административен службеник. Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник спроведе административна селекција и Записник од административна селекција за интерен оглас бр.04-1619/8 од 05.11.2020 година.

На ден 06.11.2020 година,Градоначалникот,спроведе интервју со уредниот кандидат за работното место под реден број 01. од интерниот оглас

Раководител на СЕКТОР ЗА СТРУЧНА ПОДДРШКА, ПРАВНИ, ОПШТИ РАБОТИ И ИКТ УПР0101Б02000-(1) извршител и изготви финална ранг листа на интервјуирираниот кандидат и предлог одлука за избор на прво рангираниот кандидат, Записник број 04-1619/9 од 06.11.2020 година.

Од финална ранг листа и предлог одлуката за избор на прво рангираниорт кандидат,број 04-1619/11 од 06.11.2020 година,Градоначалникот на Општина Чашка изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

Правна поука: Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата за администрација.

ОПШТИНА ЧАШКА

ГРАДОНАЧАЛНИК

Горан Стојановски

Одлуката можете да ја погледнете овде.