Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници (“Службен весник на РМ.“бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018) и (Службен Весник на Република Северна Македонија бр.275/19, 14/20, 215/21 и 99/22), Градоначалникот на Општина Чашка, донесе:
ОДЛУКА
за избор за унапредување на административен службеник по интерен оглас
1. По интерниот оглас бр.1/2023 за унапредување на административен службеник, објавен на 13.02.2023 на веб страната на Општина Чашка и Агенцијата за администрација-за работно место
01.Самостоен референт за прием и обработка на барања од граѓани УПР0101Г01000 -(1) извршител.
од предложената ранг листа, се избира следниот кандидат:
–Ален Беќировски
2. Градоначалникот на општина Чашка, во рок од пет дена по конечноста на Одлуката, ќе донесе Решение за унапредување на административниот службеник од точка 1 на оваа Одлука.
3. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето.
Образложение
На ден 13.02.2023 година на веб страната на oпштина Чашка и на веб страната на Агенцијата за Администрација објавен е Интерен оглас бр.1/2023 за унапредување на административен службеник во Општина Чашка, за работно место-
- Самостоен референт за прием и обработка на барања од граѓани УПР0101Г01000 -(1) извршител.
Со Решение бр.04-249/7 од 22.02.2023 година, формирана е Комисија за селекција за унапредување на административен службеник. Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник спроведе административна селекција и Записник од административна селекција за интерен оглас бр.04-249/8 од 23.02.2023 година.
На ден 23.02.2023 година, Комисијата спроведе интервју со уредниот кандидат за работното место од интерниот оглас:
01. Самостоен референт за прием и обработка на барања од граѓани УПР0101Г01000 -(1) извршител, Записник број 04-249/9 од 23.02.2023 година и изготви Финална ранг листа на интервјуирираниот кандидат и предлог Одлука за избор на прво рангираниот кандидат.
Од финална ранг листа и предлог одлуката за избор на прво рангираниорт кандидат, Градоначалникот на Општина Чашка изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.
Правна поука: Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Агенцијата за администрација,во рок од осум дена од денот на објавување на одлуката на веб страната и на огласна табла на Агенција за администрација.
Доставено до:
-Архива
-Административниот службеник
-Агенција за администрација
Изработил:
Дипл.правник
Мирова Бојанка, с.р.
Raководител на Сектор за стучна поддршка,
општи правни работи и ИКТ
ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник
Горан Стојановски