Врз основа на член 52 од Законот за адмонистративни службеници (“Службен весник на РМ.“бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018) и ( Сл. Весник на Република Северна Македонија бр.275/19, 14/20, 215/21 и 99/22), Градоначалникот на Општина Чашка, донесе:

О Д Л У К А
за избор за унапредување на административен службеник по интерен оглас

1. По интерниот оглас бр.3/2023 за унапредување на административен службеник, објавен на 08.05.2023 на веб страната на Општина Чашка, Агенцијата за администрација – за работно место

  1. Советник за аналитика и подготовка на проектни апликации во руралниот развој, со шифра УПР0101В01000 – (1) извршител.

од предложената ранг листа, се избира следниот кандидат:

2. Градоначалникот на општина Чашка, во рок од пет дена по конечноста на Одлуката, ќе донесе

3. Решение за унапредување на административниот службеник од точка 1 на оваа Одлука.

Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

На ден 08.05.2023 година на веб страната на Општина Чашка и на веб страната на Агенцијата за Администрација објавен е Интерен оглас бр.3/2023 за унапредување на административен службеник во Општина Чашка, за работно место:

  1. Советник за аналитика и подготовка на проектни апликации во руралниот развој, со шифра УПР0101В01000 – (1) извршител.

Со Решение бр.09-627/7 од 15.05.2023 година, формирана е Комисија за селекција за унапредување на административен службеник. Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник спроведе административна селекција и Записник од административна селекција за интерен оглас бр.04-627/8 од 16.05.2023 година.

На ден 16.05.2023 година, Комисијата спроведе интервју со уредниот кандидат за работното место од интерниот оглас, Записник број 04-346/9 од 16.05.2023 година и изготви Финална ранг листа на интервјуирираниот кандидат и предлог Одлука за избор на прво рангираниот кандидат.

Од финална ранг листа и предлог одлуката за избор на прво рангираниорт кандидат,Градоначалникот на Општина Чашка изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

Правна поука: Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Агенцијата за администрација, во рок од осум дена од денот на објавување на одлуката на веб страната и на огласна табла на Агенција за администрација.

Доставено до:

Изработил:

Дипл. правник
Мирова Бојанка______
Raк. на Сект. за стучна поддршка, општи правни работи и ИКТ

ОПШТИНА ЧАШКА

Градоначалник

Горан Стојановски, с.р.