Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018),Градоначалникот на Општина Чашка, донесе:

О Д Л У К А
за избор за унапредување на административен службеник по интерен оглас

По интерниот оглас бр.3/2019 за унапредување на административен службеник, објавен на 02.01.2020 на веб страната на Општина Чашка и Агенцијата за администрација-за работно место:

1.Раководител на Сектор за урбанизам, локален економски развој и јавни дејности,со шифра УПР0101Б02000,ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УРБАНИЗАМ, ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, СЕКТОР ЗА …

УРБАНИЗАМ, ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ, од предложената ранг листа, се избира следниот кандидат:

– Марјан Јовановски

  1. Градоначалникот на општина Чашка, во рок од пет дена по конечноста на Одлуката, ќе донесе Решение за унапредување на административниот службеник од точка 1 на оваа Одлука.
  2. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

На ден 02.01.2020 година на веб страната на Општина Чашка и на веб страната на Агенцијата за Администрација објавен е Интерен оглас бр.3/2019 за унапредување на административен службеник во Општина Чашка, за работно место-
Раководител на Сектор за урбанизам, локален економски развој и јавни дејности,со шифра УПР0101Б02000, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УРБАНИЗАМ, ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ, ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ, 1 извршител.

Со Решение бр.09-29/2 од 14.01.2020 година, формирана е Комисија за селекција за унапредување на административен службеник. Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник спроведе административна селекција и Записник од административна селекција за интерен оглас бр.04-29/3 од 21.01.2020 година.

На ден 21.01.2020 година, Градоначалникот, спроведе интервју со уредниот кандидат за работното место под реден број 01. од интерниот оглас

Раководител на Сектор за урбанизам, локален економски развој и јавни дејности, со шифра УПР0101Б02000, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УРБАНИЗАМ, ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ, ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ, 1 извршител и изготви финална ранг листа на интервјуирираниот кандидат и предлог одлука за избор на прво рангираниот кандидат, Записник број 04-29/4 од 21.01.2020 година.

Од финална ранг листа и предлог одлуката за избор на прво рангираниорт кандидат, број 04-29/4 од 21.01.2020 година, Градоначалникот на Општина Чашка изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

Правна поука: Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата за администрација.

ОПШТИНА ЧАШКА

Градоначалник

Горан Стојановски