Врз основа на член 52 од Законот за адмонистративни службеници (“Службен весник на РМ.“бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), и( Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.275/19,14/20,215/21 и 99/22), Градоначалникот на Општина Чашка, донесе:

О  Д  Л  У  К  А
за избор за унапредување  на административен службеник по интерен оглас

1. По интерниот   оглас бр.2/2023 за унапредување на административен службеник, објавен на 09.03.2023 на веб страната на Општина Чашка и Агенцијата за администрација-за работно место 01. УПР 01 01 В01 000 Советник за буџетска контрола,во Одделение за финансиски прашања-(1) извршител.

од предложената ранг листа, се избира следниот кандидат: –Стојне Анишиќ

2.Градоначалникот на општина Чашка, во рок од пет дена по конечноста на Одлуката, ќе донесе Решение за унапредување на административниот службеник од точка 1 на оваа Одлука.

3.Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето.

О  б  р  а  з  л  о  ж  е  н  и  е

На ден 09.03.2023 година на веб страната на Општина Чашка и на веб страната на Агенцијата за администрација објавен е Интерен оглас бр.2/2023 за унапредување на административен службеник во Општина Чашка,за работно место-

  1. УПР 01 01 В01 000 Советник за буџетска контрола, во Одделение за финансиски прашања-(1) извршител.

Со Решение бр.09-346/6 од 16.03.2023 година, формирана е Комисија за селекција за унапредување на административен службеник. Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник спроведе административна селекција и Записник од  административна селекција за интерен оглас бр.04-346/7 од 17.03.2023 година.

На ден 17.03.2023 година,Комисијата,спроведе интервју со уредниот кандидат за работното место од интерниот оглас,Записник број 04-346/8 од 17.03.2023 година и изготви Финална ранг листа на интервјуирираниот кандидат и предлог Одлука за избор  на прво рангираниот кандидат.

Од финална ранг листа и предлог одлуката за избор на прво рангираниорт кандидат, Градоначалникот на Општина Чашка изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

Правна поука: Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Агенцијата за администрација,во рок од осум дена од денот на објавување на одлуката на веб страната и на огласна табла на Агенција за администрација

Бр.09-346/9
од 20.03.2023

ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник
Горан Стојановски, с.р.