Врз основа на чл.45 ст.1 од Закон за Административни службеници (Службен весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 05/2016, 142/2016, 11/2018) и( Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.275/19,14/20,215/21 и 99/22), Записник од извршена административна селекција за административен службеник бр.10-540/4 од 02.03.2023 година, Записник за спроведен испит за Административни службеници бр. 10-540/5 од 13.03.2023 година, , Записник од спроведена проверка на веродостојност на докази и Интервју за Административен службеник бр. 10-540/ од 14.03.2023 година,Конечна ранг листа и предлог за вработување на кандидати од Агенција за Администрација бр.10-550/7 од 14.03.2023 по Јавен Оглас број 45/2023,
Градоначалникот на општина Чашка, ја донесе следната

О Д Л У К А

за избор на кандидат за вработување на административен службеник по Јавен Оглас 45/2023

1.За работно место-УПР0101Г04000 Помлад референт за комунално оперативни работи, Одделение за урбанизам,заштита на животна средина и енергетска ефикаснос, Сектор за урбанизам, локален економски развој и јавни дејности СЕ ИЗБИРА КАНДИДАТОТ ЛЕНА ЗДРАВЕВА, Албанец-ка

2.Избраниот кандидат ќе биде вработен на наведеното работно место од точка 1 , по конечноста на оваа Одлука,за што ќе се донесе посебно решение за вработување.


3.Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

Комисијата за селекција за вработување на административни службеници, формирана со Решение бр.10-540/3 од 27.02.2023 година, по Јавен Оглас бр.45/2023 од 14.02.2023 година, објавен во три дневни весници Нова Македонија,Вечер и Лајме, спроведе постапка за вработување на административен службеник согласно Закон за Административни службеници.
Комисијата спроведе административна селекција со Записник од извршена административна селекција за административен службеник бр.10-540/4 од 02.03.2023 година, Записник за спроведен испит за Административни службеници бр. 10-540/5 од 13.03.2023 година, , Записник од спроведена проверка на веродостојност на докази и Интервју за Административен службеник бр. 10-540/ од 14.03.2023 година,Конечна ранг листа и предлог за вработување на кандидати од Агенција за администрација бр.10-550/7 од 14.03.2023 по Јавен Оглас број 45/2023од 14.02.2023.

Врз основа на приложената документација,Градоначалникот на општина Чашка,одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

По завршување на постапката за избор и правосилност на одлуката, за избраниот кандидат ќе се донесе Решение за вработување и ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.

Правна поука: Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до Агенцијата за Администрација во рок од осум дена од денот на објавување на одлуката на Веб страницата и на огласната табла на Агенцијата за администрација.

Бр. 09-243/11
на ден 21.03.2023

ОПШТИНА ЧАШКА

Градоначалник

Горан Стојановски, с.р.