Врз основа на чл.45 ст.1 од Закон за Административни службеници (27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 05/2016, 142/2016, 11/2018), Конечна ранг листа и предлог за вработување на кандидати од Агенција за Администрација бр.10-392/6 од 07.02.2020 по Јавен Оглас број 504/2019, Записник за спроведен испит за Административни службеници бр. 10-392/3 од 06.02.2020 година, Записник од извршена административна селекција за административен службеник бр.10-392/2 од 27.01.2020 година, Записник од спроведена проверка на веродостојност на докази и Интервју за Административен службеник бр. 10-392/4 од 07.02.2020 година, Градоначалникот на општина Чашка, ја донесе следната:

О Д Л У К А
за избор на кандидат за вработување на административен службеник по Јавен Оглас 504/2019

1.За работно место-УПР0101В04000 …

Помлад соработник за односи со јавноста ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТРУЧНА ПОДДРШКА НА ГРАДОНАЧАНИКОТ, СЕКТОР ЗА СТРУЧНА ПОДДРШКА, ПРАВНИ, ОПШТИ РАБОТИ И ИКТ, СЕ ИЗБИРА КАНДИДАТОТ МУХАМЕТ КАДРИОВ.

2.Избраниот кандидат ќе биде вработен на наведеното работно место од точка 1 ,по конечноста на оваа Одлука,за што ќе се донесе посебно решение за вработување.

3.Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

Комисијата за селекција за вработување на административни службеници, формирана со Решение бр.10-392/1 од 17.01.2020 година, по Јавен Оглас бр.504/2019 од 03.01.2020 година, објавен во три дневни весници Нова Македонија,Вечер и Лајм, спроведе постапка за вработување на административен службеник согласно Закон за Административни службеници.

Комисијата спроведе административна селекција со Записник од извршена административна селекција за административен службеник бр.10-392/2 од 27.01.2020 година, спроведе испит за административни службеници согласно Записник за спроведен испит за Административни службеници бр. 10-392/3 од 06.02.2020 година, како и изврши проверка на веродостојноста на доказите и спроведе Интервју согласно Записник од спроведена проверка на веродостојност на докази и Интервју за Административен службеник бр. 10-392/4 од 07.02.2020 година, по што достави Ранг Листа и предлог за Вработување на кандидат по Јавен Оглас 504/19 бр.10-392/6 од 07.02.2020 година.

Врз основа на приложената документација, Градоначалникот на општина Чашка, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

По завршување на постапката за избор и правосилност на одлуката, за избраниот кандидат ќе се донесе Решение за вработување и ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.

Правна поука: Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до Агенцијата за Администрација во рок од осум дена од денот на објавување на одлуката на Веб страницата и на огласната табла на Агенцијата за администрација

ОПШТИНА ЧАШКА

ГРАДОНАЧАЛНИК

Горан Стојановски