Врз основа на чл.45 ст.1 од Закон за Административни службеници (Службен весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 05/2016, 142/2016, 11/2018) и (Службен Весник на Република Северна Македонија бр.275/19, 14/20, 215/21, 99/22 и 208/24), Градоначалникот на општина Чашка, ја донесе следната:

ОДЛУКА
за избор на кандидат по Јавен Оглас 08/2025 за вработување
на административен службеник

  1. За работно место – УПР0101Б04000 Раководител на Oдделение за правни работи, Oдделение за правни работи, Сектор за стручна поддршка, правни, општи работи и ИКТ, СЕ ИЗБИРА КАНДИДАТОТ ДУШИЦА ЈОВАНОВА
  2. Избраниот кандидат од точка 1 на оваа Одлука, ќе биде вработен на наведеното работно место, по конечноста на оваа Одлука, за што ќе се донесе посебно решение за вработување, за избраниот административен службеник.
  3. Оваа Одлука ќе се достави до избраниот кандидат и ќе се објави на интернет страницата и огласната табла на Агенција за администрација.
  4. Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

Агенцијата за администрација по Барање на општина Чашка, на ден 09.01.2025 година, во дневните весници Нова Македонија, Вечер и Коха, објави Јавен оглас бр.08/2025, за вработување на административен службеник, во општина Чашка, на работно место под бр.1 УПР0101Б04000 Раководител на Oдделение за правни работи, Oдделение за правни работи, Сектор за стручна поддршка, правни, општи работи и ИКТ.

Во врска со наведениот Оглас формирана е Комисијата за селекција за вработување на административни службеници, Решение бр.10-54/3 од 15.01.2025 година, донесено од страна на Директорот на Агенцијата за вработување, Комисијата на ден 24.01.2025 година, спроведе административна селекција за административен службеник и состави Записник бр.10-54/4 од 24.01.2025 година.

Комисијата на ден 10.02.2025 година, спроведе испит за административен службеник и состави Записник од спроведен испит за административен службеник бр.10-54/5 од 10.02.2025 година.

Комисијата на ден 11.02.2025 година, спроведе постапка за проверка на веродостојноста на доказите и интервју за административен службеник и состави Записник бр.10-54/6 од 10.02.2025 година.

По спроведената постапка, на ден 11.02.2025 година, Комисијата до Градоначалникот на општина Чашка, достави Конечна ранг листа на кандидати од сите фази на селекција и Предлог за вработување на кандидати по јавен оглас бр.08/2025, заради избор на кандидат.

Врз основа на приложената документација, Градоначалникот на општина Чашка, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

Правна поука: Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до Агенцијата за администрација во рок од осум дена од денот на објавување на одлуката на Веб страницата и на огласната табла на Агенцијата за администрација.

Општина Чашка
Градоначалник
Горан Стојановски, с. р.