Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и сл.весник на Република Северна Македонија бр.275/19 и 14/20),Градоначалникот на Општина Чашка, донесе:


ОДЛУКА
за невршење избор

  1. По интерен оглас 01/2020 година објавен на ден 29.10.2020 година на веб страната на општина Чашка и на веб страната на Агенција за администрација, за пополнување на две работни места со унапредување, за работното место под број 2.Раководител на Одделение за урбанизам, заштита на животната средина и енергетска ефикасност со шифра УПР0101Б04000 – (1) извршител, не се врши избор на кандидат за унапредување.

2. Одлуката за невршење избор се објавува на интернет страницата на општина Чашка.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

На ден 29.10.2020 година на веб страната на општина Чашка и на веб страната на Агенција за администрација, беше објавен Интерен оглас 01/2020 година за пополнување на две работни места со унапредување.


Комисијата за селекција за унапредување, формирана со Решение на Градоначалникот на општина Чашка бр. 10-1619/7 од 03.11.2020,ги спроведе фазите на селекција согласно,Законот за административни службеници и достави Записник од административна селекција бр.04-1619/8 од 05.11.2020 за Интере оглас 01/2020 година, согласно кој за работното место под број 2.Раководител на Одделение за урбанизам,заштита на животната средина и енергетска ефикасност со шифра УПР0101Б04000 -(1) извршител, се пријавени вкупно 0 кандидати од кои 0 уредни и 0 неуредни кандидати.Од причини што за наведеното работно место за унапредување нема пријавено кандидат кој се квалификува за унапредување не се врши избор на кандидат за унапредување и се донесе Одлука како во диспозитивот.

Правна Поука: Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право во рок од 8 (осум) дена да поднесе жалба до Агенцијата за администрација.

ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник
Горан Стојановски, с.р.