Почитувани граѓани,
На 29.07.2024 година од страна на Градоначалникот на Општина Чашка донесена е Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.3 – семејни куќи за времен престој –викенд куќи, на КП 651 КО Мелница, Општина Чашк под бр. 09-1277/1 и истата е доставена до Министерство за животна средина и просторно планирање за произнесување.
Министерството за животна средина и просторно планирање достави известување бр. УП1-15-1535/2024 од 11.11.2024 година во врска со постапката за носење на планска документација за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.3 – семејни куќи за времен престој –викенд куќи, на КП 651 КО Мелница, Општина Чашк, во кое се известува дека Одлуката за неспроведување на Стратегиска оцена за влијание на животната средина СЕ ПРИФАЌА.
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16), Градоначалникот на Општина Чашка, на ден 02.02.2024 година донесе:
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.3 – семејни куќи за времен престој –викенд куќи, на КП 651 КО Мелница, Општина Чашка, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Чашка, www.caska.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.3 – семејни куќи за времен престој –викенд куќи, на КП 651 КО Мелница, Општина Чашка, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Планскиот документ кој се донесува има за цел рационално користење на земјиштето, се дефинира и оформува градежна парцела за градба од втора категорија утврдена со Законот за градење-викенд куќа. Намените и компатибилните намени се согласно Правилникот за урбанистичко планирање. Со правилно планирање и проектирање и добра анализа на влијанијата, предвидената активност во својата оперативна фаза нема да претставува значителен товар врз животната средина.
- Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.