Почитувани граѓани,
На 30.04.2025 година од страна на Градоначалникот на Општина Чашка донесена е Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СООБРАЌАЈНА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА – ЛОКАЛЕН ПАТ ДО СЕЛО ПАПРАДИШТЕ, КО ОРЕШЕ, КО КАПИНОВО, КО ПАПРАДИШТЕ, ОПШТИНА ЧАШКА и истата е доставена до Министерство за животна средина и просторно планирање за произнесување.
Министерството за животна средина и просторно планирање достави известување арх.бр.15-2101/2 од 06.05.2025год. во врска со постапката за носење на планска документација за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СООБРАЌАЈНА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА – ЛОКАЛЕН ПАТ ДО СЕЛО ПАПРАДИШТЕ, КО ОРЕШЕ, КО КАПИНОВО, КО ПАПРАДИШТЕ, ОПШТИНА ЧАШКА, во кое се известува дека Одлуката за неспроведување на Стратегиска оцена за влијание на животната средина СЕ ПРИФАЌА. Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16), Градоначалникот на Општина Чашка, на ден 02.02.2024 година донесе:
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СООБРАЌАЈНА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА – ЛОКАЛЕН ПАТ ДО СЕЛО ПАПРАДИШТЕ, КО ОРЕШЕ, КО КАПИНОВО, КО ПАПРАДИШТЕ, ОПШТИНА ЧАШКА, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 одЗаконот за животна средина.
2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Чашка, www.caska.gov.mk
3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СООБРАЌАЈНА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА – ЛОКАЛЕН ПАТ ДО СЕЛО ПАПРАДИШТЕ, КО ОРЕШЕ, КО КАПИНОВО, КО ПАПРАДИШТЕ, ОПШТИНА ЧАШКА нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Планскиот документ кој се донесува има за цел рационално користење на земјиштето, се дефинира и оформува градежна парцела за градба од втора категорија утврдена со Законот за градење-сообраќајна инфраструктура. Намените и компатибилните намени се согласно Правилникот за урбанистичко планирање. Со правилно планирање и проектирање и добра анализа на влијанијата, предвидената активност во својата оперативна фаза нема да претставува значителен товар врз животната средина.
4. Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
- Известување од МЖСПП
- Формулар за неспроведување
- Одлука за неспроведување
- Ажурирана геодетска подлога со опфат