Почитувани граѓани,
На 29.10.2021 година од страна на Градоначалникот на Општина Чашка донесена е Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО СО НАМЕНА А4.1 ЗГРАДИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ СО АПАРТМАНИ И СТУДИЈА НА ДЕЛ ОД КП 46 И ДЕЛ ОД КП 8 КП ПАПРАДИШТЕ, ОПШТИНА ЧАШКА под бр 09-1620/2 и истиот е доставен до Министерство за животна средина и просторно планирање за произнесување.
Министерството за животна средина и просторно планирање достави известување бр. УП1-15-1637/2021 од 10.11.20210 година во врска со постапката за носење на планска документација за УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО СО НАМЕНА А4.1 ЗГРАДИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ СО АПАРТМАНИ И СТУДИЈА НА ДЕЛ ОД КП 46 И ДЕЛ ОД КП 8 КП ПАПРАДИШТЕ, ОПШТИНА ЧАШКА, во кое се известува дека Одлуката за неспроведување на Стратегиска оцена за влијание на животната средина СЕ ПРИФАЌА.
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16),
Градоначалникот на Општина Чашка, на ден 29.10.2021 година донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
1.За планскиот документ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО СО НАМЕНА А4.1 ЗГРАДИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ СО АПАРТМАНИ И СТУДИЈА НА ДЕЛ ОД КП 46 И ДЕЛ ОД КП 8 КП ПАПРАДИШТЕ, ОПШТИНА ЧАШКА, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Чашка www.caska.gov.mk
3.Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за планскиот документ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО СО НАМЕНА А4.1 ЗГРАДИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ СО АПАРТМАНИ И СТУДИЈА НА ДЕЛ ОД КП 46 И ДЕЛ ОД КП 8 КП ПАПРАДИШТЕ, ОПШТИНА ЧАШКА, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Планскиот документ кој се донесува има за цел рационално користење на земјиштето, се дефинира и оформува градежна парцела за градба од втора категорија утврдена со Законот за градење-објект за времено сместување со апартмани и студија. Намените и компатибилните намени се согласно Правилникот за урбанистичко планирање.
4.Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.
Известување од МЖСПП
Формулар за неспроведување
Одлука за неспроведување
Ажурирана геодетска подлога со опфат