Почитувани граѓани,
На 15.06.2023 година од страна на Градоначалникот на Општина Чашка донесена е Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА А4.3- СЕМЕЈНИ КУЌИ ЗА ВРЕМЕН ПРЕСТОЈ – ВИКЕНД КУЌИ НА КП 239, КО ОТИШТИНО, ОПШТИНА ЧАШКА под бр. 09-906/1 и истата е доставена до Министерство за животна средина и просторно планирање за произнесување.
Министерството за животна средина и просторно планирање достави известување бр. УП1-15-1378/2023 од 26.06.2023 година во врска со постапката за носење на планска документација за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА А4.3- СЕМЕЈНИ КУЌИ ЗА ВРЕМЕН ПРЕСТОЈ – ВИКЕНД КУЌИ НА КП 239, КО ОТИШТИНО, ОПШТИНА ЧАШКА, во кое се известува дека Одлуката за неспроведување на Стратегиска оцена за влијание на животната средина СЕ ПРИФАЌА.
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16),
Градоначалникот на Општина Чашка, на ден 15.06.2023 година донесе:
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА А4.3- СЕМЕЈНИ КУЌИ ЗА ВРЕМЕН ПРЕСТОЈ – ВИКЕНД КУЌИ НА КП 239, КО ОТИШТИНО, ОПШТИНА ЧАШКА кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Чашка www.caska.gov.mk
3.Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за планскиот документ УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА А4.3- СЕМЕЈНИ КУЌИ ЗА ВРЕМЕН ПРЕСТОЈ – ВИКЕНД КУЌИ НА КП 239, КО ОТИШТИНО, ОПШТИНА ЧАШКА, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Планскиот документ кој се донесува има за цел рационално користење на земјиштето, се дефинира и оформува градежна парцела за градба од втора категорија утврдена со Законот за градење-објект за времено сместување со апартмани и студија. Намените и компатибилните намени се согласно Правилникот за урбанистичко планирање.
4.Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.
Известување од МЖСПП
Формулар за неспроведување
Одлука за неспроведување
Ажурирана геодетска подлога со опфат