Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТ СО НАМЕНА Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА НА КП 256/1, КП 257 И КП 261 КО ЧАШКА ВОН ГРАД, ОПШТИНА ЧАШКА

Почитувани граѓани,

На 23.07.2019 година од страна на Градоначалникот на Општина Чашка донесена е Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТ СО НАМЕНА Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА НА КП 256/1, КП 257 И КП 261 КО ЧАШКА ВОН ГРАД, ОПШТИНА ЧАШКА под бр 09-1017/1 и истиот е доставен до Министерство за животна средина и просторно планирање за произнесување.
Министерството за животна средина и просторно планирање достави …

известување бр. УП1-15-1103/2019 од 05.08.2019 година во врска со постапката за носење на планска документација за ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТ СО НАМЕНА Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА НА КП 256/1, КП 257 И КП 261 КО ЧАШКА ВОН ГРАД, ОПШТИНА ЧАШКА , во кое се известува дека Стратегиска оцена за влијание на животната средина за дадениот плански документ не треба да се спроведува.

Од овие причини, Градоначалникот на Општина Чашка донесе Одлука за неспроведување на стратегиска оцена.
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16),

Градоначалникот на Општина Чашка, на ден 23.07.2019 година донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТ СО НАМЕНА Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА НА КП 256/1, КП 257 И КП 261 КО ЧАШКА ВОН ГРАД, ОПШТИНА ЧАШКА , кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Чашка www.caska.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за планскиот документ ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТ СО НАМЕНА Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА НА КП 256/1, КП 257 И КП 261 КО ЧАШКА ВОН ГРАД, ОПШТИНА ЧАШКА, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Планскиот документ кој се донесува има за цел рационално користење на земјиштето, се дефинира и оформува градежна парцела за градба од втора категорија утврдена со Законот за градење-индустриски објекти. Намените и компатибилните намени се согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.
  4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

Известување од МЖСПП за ЛУПД индустрија
Формулар за неспроведување ЛУПД индустрија
Одлука за неспроведување ЛУПД индустрија
Ажурирана геодетска подлога со опфат