Манифестацијата КОМПИРИЈАДА се воспоставува во 2010 година од страна на Општина Чашка и ООУ „Лирија“ Јаболчиште, која се организира се до 2016 година, како локална манифестација.

Општина Чашка со подршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство особено за време на КОВИД пандемијата, успеа да се врати оваа манифестација, да се негува меѓуетничкиот соживот и тоа во 2020, 2023 и 2024 година.

Со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ, манифестацијата КОМПИРИЈАДА 2024 Долно Јаболчиште повторно е дел од промоција на Општина Чашка на локално, регионално и национално ниво.

Манифестацијата беше збогатена со културно забавна програма, традиционални ора и песни. Манифестацијата КОМПИРИЈАДА 2024 претставува промоција на локалните производи, можност да се продаваат на лице место во Долно Јаболчиште, презентација и дегустација на компирот и традиционалните јадење подготвени од вештите раце на мајките и бабите. На своите тезги земјоделските производители имаа можност да ги понудат своите производи, препознатливиот компир, како и костени и овчо сирење, производи од еколошки чиста средина.

Манифестацијата КОМПИРИЈАДА 2024 Долно Јаболчиште како локална манифестација дава директна поддршка и промоција на локалните производители на локално и регионално ниво, и индиректно на национално ниво. Традиционално поддршката за оддржување на локална манифестација е придонес кон промоција на локалното земјоделско производство. Ова е егзистенцијален приход, но и дополнителен приход кој го обезбедуваат жителите во Горно и Долно Јаболчиште вкупно 2500 жители.

Со организција на локалната манифестација КОМПИРИЈАДА 2024 во Долно Јаболчиште, на 27.12.2024 година се придонесе кон поддршка на локалните земјоделски производители, нивна промоција, вмрежување и овозможување на обезбедување на поголем пласман на своите производи во град Велес, Скопје како и во целата земја.

Во 2024 година според кажувањата на производителите на компир, имаат производство на повеќе од 70 тона на компир во Јаболчиште, кое производство во најголем дел завршува на пазарите во Велес и Скопје. Сортите кои ги произвдеуваат се АГРИА, ЖЕЛИ, ФЛАУРА И АГАФ како едни од најзастапените сорти.
Манифестацијата има продажено-афирмативен карактер и обезбедува промоција на приготвените традиционални јадења како: пета, мусака и баклави препознатливи за албанското население и обичаи како и културен дел игри и песни.

Во пресрет на новогодишните празници, 102 деца од ООУ„ Лирија “ во Долно Јаболчиште добија Новогодишни пакетчиња во рамки на манифестацијата.

Посетителите на манифестацијата КОМПИРИЈАДА 2024, имаа можност да бидат на еден ден во недопрена природа, на падините на Јакупица и на лице место каде се произведува планинскиот компир на повеќе од 1000 метри надморска висина и секако големите продажни маркети да имаат олеснет пристап при набавка на компир за малопродажба. Со организација на манифестацијата се обезбеди поттикнување и вмрежување, афирмација и промоција на локално, регионално и национално ниво.

Развојот на земјоделството и туризмот на територија на Општина Чашка се препознатливи приоритети за кои е неопходно да се планираат, вложуваат, поддржуваат и да се унапредат програмите и активностите со цел да се следат современите трендови во нашата земја.