Локалната самоуправа – Чашка со соработка на УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамките на проектот ,,Зајакнување на општинските совети“ ја одржа четвртата форумска сесија на 25.08.2020 (вторник) со почеток во 10:00 часот, локација сала на ООУ “Тодор Јанев” – населба Чашка.
При оддржување на форумот се превземаа сите мерки за заштита на присутните (заштитни маски и дезинфекциони средства за раце).
На сесијата активно уество земаа 25 лица од кои 18 мажи и 7 жени. Согласно подготвените презентации за проектите, работните групи имаа можност да дадат појаснување и побараат поддршка од присутните за својот предлог.
Се презентираа следните проекти и тоа:
- Културен рекреативен центар во Населба Чашка
- Изградба и реконструкција на спортски игралишта Населба Чашка
- Изградба и реконструкција на спортски игралишта Долно Јаболчиште
- Изградба и реконструкција на спортски игралишта Горно Јаболчиште
- Информатички кабинети
По презентација на сите проекти кои ги задоволуваат критериумите на донаторот однсоно „Социјална инклузија“, вклучувајќи теми поврзани со родова еднаквост, добро владеење и социална инклузија и меѓуетничка соработка се пристапи кон гласање со што поддршка со еднаков бод на гласови добија двата проекти и тоа : „Изградба и реконструкција на спортски игралишта Горно Јаболчиште“ и „Информатички кабинети“ .
Со прегласување се избра за приоритет: „Изградба и реконструкција на спортски игралишта Горно Јаболчиште“. Со обврска за обезбедување на сите проектни документации за најмногу до 30 дена.
Соглсно евалуационите листови на присутните, одвивањето на форумскиот процес во најголем дел ја сметаат за корисна алатка која и во иднина може да биде користена за добивање на приоритени активности, проекти во локалната заедница.
Со проектот „ПОВЕЌЕ НАМЕНСКО ТИПСКО РЕКРЕАТИВНО ИГРАЛИШТЕ во Горно Јаболчиште“ е предвидено на КП 653/1 КО Долно Јаболчиште (локација која опфаќа две населени места ).
Во учебната 2019/ 2020 година образованиот процес го следат вкупно 613 ученика од прво до деветто одделение.Ова е населеното место кое има голем број на млади лица кои се потенцијални корисници на теренот. Горно Јаболчишѕе е населено место од збиен тип, ридско планиско место. Имено непосредниот влез во селото има површина за спортски терен Д3. За истото место е споведена намена на земјиште Д3 земјиште на РМ.
Мултифункционалното спортско игралиште ќе овозможи развој на следните спортови како: фудбал, одбојка, ракомет и кошарка за младите и развој во масовниот спорт. Веќе фунцкионира активно и ФК Башкими која се натпреварува во четврта општина лига.
Во моментов нема можност за придонес и развивање на спортски активности и развој на масовниот спорт во Горно Јаболчиште. Повеќенаменското игралиште/ мултифункционално игралиште ќе овозможи спортување, рекреирање и натпреварување на децата, младите од Горно Јаболчиште, како и на младите од Долно Јаболчиште. Атарот на предвиденото игралите е во Долно Јаболчиште населено место каде имаме 718 жители. Овие две населени места граничат скоро доближени едно до друго со што се придонесува дополнителен ефект и придонес во локалната заедница.
Со спортскиот терен ќе се придонесе кон развивање на нови вештни спортски дух и придонес во подобрување на квалитетот на живот во високо ридско планинските места.
Проектот„ ИНФОРМАТИЧКИ КАБИНЕТИ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ“ опфаќа 6 информатички кабинети во Населба Чашка, Мелница, Богомила, Извор, Горно Јаболчиште и Долно Јаболчиште. Основното образование во Општина Чашка се одвива преку три централни и 6 подрачни основни училишта и тоа: ООУ “Тодор Јанев” Населба Чашка со подрачно училиште во Мелница
ООУ “Лирија” Горно Јаболчиште со подрачни училишта во Горно Врановци и Долно Јаболчиште, ООУ “Петре Поп Арсов” Извор со подрачни во Богомила, Согле и Ореше. Со информатичките кабинети ќе им се понуди избор на младите за полесно до го совладуваат образовниот процес, да можат да учествуваат на натпревари како на општинско ниво така и на регионални и државни натпревари. Исто така ќе им биде од голема помош на наставниот кадар за полесно да го пренесат знаењето на учениците и да ги воведат во новите ИТ технологии. Училиштата се со хомоген и хетероген национален состав. Техничката опременост за работа во училиштата, не се доволни за обезбедување на одвивање на наставата по информатика и другите образовни предмети да можат да ги следат со помош на напредната технологија. Со опремените информатички кабинети ќе се придонесе во подобрување на услугите и воведување на нови технологии со цел незаостанување на децата во руралните средини од урбаните средини. Информатичките кабинети ќе бидат опремни согласно просечен број на ученици со лаптпови за секој ученик, лап топ за наставен кадар и смарт табла, мултифункционаен печатач / принтер, ЛЦД проектор. Во учебната 2018/ 2019 година образовниот процес го следат вкупно 430 ученика од шесто до деветто одделение од кои машки 231 и 199 женски ученици. Ќе се набават вкупно 126 лаптопи за уениците и наставниците, 6 смарт табли, 6 фотокопири, 6 лцд проектори и добијат функционално опремени 6 информатички кабинети во руралните средини.