Во периодот од 24.04.2023 до 28.04.2023 година, општина Чашка и училиштето „Тодор Јанев“ беа домаќини на ученици и наставници ментори од пет држави: Шпанија, Италија, Романија, Турција и Грија како партнери во проектот, каде се одржа мобилноста во рамки на проектот ЕРАСМУС + клучна акција 2 (КА229-Стратешки партнерства за училишна размена) со назив „НЕМАМЕ РЕЗЕРВНА ПЛАНЕТА Б“ број 2020-1-ЕЅО1-КА229-081820_2

Целта на проектот беше да се споделат искуства за заштита на планетата Земја, размена на добри пракси, запознавање со другите европски култури, запознавање со културно историските знаменитости и секако усовршување на јазикот кој е најголемо богатство и ги сплотува сите народи со негување на различностите, мултикултурализмот и ред други придобивки со кои се стекнаа учениците за време на нивните меѓусебни посети, креативни работилници, посети на часови и запознавање со воспитно образовниот процес.

Гостите ги поздрави градоначалникот на општина Чашка г-дин Горан Стојановски, го искажа своето задоволство и рече:

“Нас ни е голема чест и задоволство што ние сме домаќини на вака голем настан, што ќе се стекнеме со нови пријателства и ќе имаме можност да ве запознаеме со нашата култура, традиција, знаменитости и нашата традиционална храна. Ви посакувам пријатен престој и посакувам пријателството вечно да трае.”

Присутните гости ги поздрави и директорот на училиштето г-дин Горан Андовски.