Децата од основните училишта ООУ „Тодор Јанев “ Населба Чашка и ПОУ„ Лирија“ Горно Врановци беа дел од мултикултирниот настан „Заедно сме“ . Настанот се одбележа со културна програма, обраќање на претставници на институциите и детска игра и песна на македонски и албански јазик се запознаа и зближија.
Секое од децата меѓусебно си поделија новогодишни пакетчиња како и рачно изработени новогодишни честитки. Децата со одговорните наставници ги посетија и музеите во Горно Врановци.
Во подрачното основно училиште „Лирија“ во Горно Врановци денес, децата не ги криеја своите насмевки. Со вештите раце ги украсуваа своите училници и новогодишна елка.
Настанот “Заедно сме“ ја исполни својата цел. Живееме сплотени едни со други, разлчни, а исти да ја негуваме традицијата и афирмираме и промовираме мултиетничкиот соживот.
Продолжуваме секојдневно да се грижиме едни за други.
Настанот е поддржан од проектот „Промовирање и проширување на моделите за вклучување на малцинствата и другите ранливи групи во Западен Балкан“, кој го спроведува НАЛАС во соработка со ЗЕЛС и здруженијата на локални власти од Западен Балкан, поддржан од ГИЗ, Германското друштво за меѓународна соработка, во име на германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ).