Во присуство на Митрополитот Повардарски г.Агатангел и свештени лица, голем број на верници на 3 јуни 2018 година се освети црквата „Св. Пророк Илија“ во село Мартолци. Темелите се поставија 2006 година и со помош на голем број на донатори го виде светлиот ден. Жителите на село Мартолци имаат право да бидат горди на својот храм и заедно сплотени да се грижат за …

истиот.

Церемонијата на осветување започна со кружење на поворката од свештени лица и верници околу црквата, а потоа со симболично чукање на вратите на црквата од страна на Митрополитот Повардарски г.Агатангел, истата беше отворена.

Следеше соодветна литургија за осветување на црквата. Во сребрено ковчеџе беше запечатен документ во кој се наведени донаторите и челниците на општинско и државно ниво во чие време е направено осветувањето на црквата, заедно со дел од моштите на Св. Климент Охридски и истото беше ставено во престолот во црквата како траен спомен и белег од времето кога е изградена и осветена.

Потоа присутните верници запалија свеќи и дадоа чест на светецот и црквата, по што следеше пригодна веселба.