Општина Чашка со финансиска поддршка од Кавадарци создаде катче кое ќе придонесе кон целина на образовниот процес како и слободното време на децата и младите од Извор.

Целосно се адаптираше просторот за „Медиотека за деца и млади“ во Извор. Со финансиска поддршка на ALLIANCE ONE Кавадарци се …

постави ламинат во просториите од околу 70 м2, се промени надворешната врата, се набави конференциска маса, 2 клуб масички, како и 25 конференциски столчиња, 4 компјутери, телевизор, музички систем.

Медиотеката ќе ја користат децата кои го следат воспитно-образованиот процес во ПОУ „Петре Поп Арсов“. Во ПОУ „Петре Поп Арсов“ во Извор учат вкупно 59 деца од I до IX одделение.

Во непосредна близина на училиштето е детскиот парк за најмалите како и спортско рекреативните терени за фудбал и кошарка,
Населените места кои гравитираат околу Извор, бројот на деца и млади е многу мал, па со отварањето на медитеката се формира место кое ќе ги зближи децата и младите во поголем број, со што протокот на информации и идеи ќе биде зголемен.

„Медиотеката за деца и млади“ има за цел подобрување на квалитетот и условите за образование на децата со едукативен и информативен дел за насочување и подобрување на квалитетот на настава , помош при избор на идна професија и простор за едукација и можност за стекнување на неформално образование како неопходна потреба за надградба на човечките капацитети од руралните населени места.

Просторот директно ќе го користат децата и наставниот кадар од ООУ„ Петре Поп Арсов“ Извор со што ќе се подигне нивото на настава во село.

Соработката со ALLIANCE ONE, Кавадарци e препознатлива кај жителите. Заедничкиот пристап на Општина Чашка со компанијата создава позитивни видливи резултати во Општина Чашка. Општина Чашка е горда и благодарна што со комппаниите кои делуваат на нашата териотрија допринесуваме кон подобрување на квалитетот на живот во населените места.