Од 24 до 27 март годинава, делегација предводена од градоначалникот Аце Коцевски во својство на претседател на Советот за развој на Вардарскиот плнаски регион, со Горан Стојановски – градоначалник на Општина Чашка и Цветко Андреески – декан на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид престојува во работна посета на Алзас, Франција.
Туризмот е во фокусот на интересот на делегацијата која на покана на Жак Шлеф, претседател на асоцијацијата Алзас Македонија има можност да ги види најдобрите практики и искуства на Алзас за развој на туризмот особено … руралниот туризам.
Европските стандарди во заштитата на архитектурата, животната средина и системскиот пристап во развојот на туризмот се само дел од бројните искуства на терен во регионот Алзас еден од европските лидери на планот на туризмот. Вајтерсвилер, Олунген, Агно се дел од местата кои досега ги посетија членовите на делегацијата кои остварија средби со градоначалникот на Олунген Жан Мари Сандер, експертите за туризам Катрин Гресбек и Клод Ешвалд и голем број претставници на туристички бироа, проекти како и жители на селата во Алзас кои своите традиционални куќи ги ставиле во функција на туризмот.
Како што изјави градоначалникот Коцевски на средбата со градоначалникот Сандер, искуствата од Алзас ќе бидат од големо значење за проектите што Велес, Чашка и Вардарскиот регион ги планираат во областа на туризмот. Работната посета продолжи со средби со Марк Леви директор на Агенцијата Алзас туристичка дестинација во Стразбур и претседателството на Советот на департманот Долна Рајна
Со наслов „Алзас ја инспирира Македонија“, во француските медуми информираа за посетата на делегацијата во Алзас, Франција.
Во фокусот на интересот е туризмот и можноста за користење на добри практики и искуства, пред се во делот на руралниот туризам. Ова се покажа како многу интересно за новинарите кои на терен ја следеа нашата делегација при работната посета.
Извор: Facebook страна на Општина Велес