Со претставници од фирмата изведувач „Гранит“ и лица од Министерството за образование и наука денес ги започнавме техничките подготовки за изградба на нова типска спортска сала во склоп на учлилиштето „Тодор Јанев“ во населба Чашка. Салата ќе се простира на површина од 650 м2 и ќе биде наменета за мал фудбал, кошарка, ракомет, пинг понг, гимнастика. Ова е првиот капитален спортски објект во Општина Чашка којшто покрај учениците ќе може да го користи и …

локалното население. Грижата за спортот ќе продолжи и понатаму со изградба на слични објекти во поголемите населени места низ општината.