По предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата на Република Македонија одлучи да се овозможат нови рокови за легализација на дивоградбите и тоа:

Сите жители кои не успеале и немале можност да поднесат барање за легализација, истото можат да го направат до 31 декември 2018 година со поднесување на комплетна документација.

Сите жители кои не успеале да го комплетираат своето барање за легализација, можат тоа да го направат до 30 јуни 2018 година.

Роковите за легализација се однесуваат на бесправно изградени објекти изградени до 03.03.2011 година.

Сите дополнителни информации може да се добијат во Општина Чашка во Одделението за урбанизам, заштита на животната средина и енергетска ефикасност, како и на телефон 043 241 400 локал 13.