Општина Чашка со поддршка на Хабитат Македонија и фондацијата Ст. Гобен го спроведува проектот „Социјално домување во Чашка“.

Проектот има за цел да ги подобри условите за домување на 8 семејства кои живеат во згради со социјални станови, да го надгради дневниот центар за социјални услуги за ранливите лица и да ги зголеми можностите за вработување во општина Чашка.

Проектот ќе обезбеди поддршка за 8 домаќинства со 20 членови, преку директно реновирање на куќите во кои живеат.

Во рамките на планираните активности ќе се реновираат два објекти. Станува збор за приземни згради со вкупна основа од 456 м2. Сопственик на зградите е општина Чашка која организира социјални станови за домаќинствата со ниски приходи.

Првиот објект од 281 м² ќе биде комплетно реновиран со термо фасада, подови, хидроизолација на бањи и покрив, подни и ѕидни облоги, олуци и нови прозорци и врати.

Вториот објект има две намени: дел од објектот со површина 175 м² се користи како дневен центар за стари лица, а во другиот дел се сместени две стамбени единици во кои живеат лица со телесен инвалидитет.

Овој објект е ќе биде реновиран со термофасада, хидроизолација на бањи и термоизолација на покривот, сливници како и и нови прозорци и врати. Во рамките на проектот ќе биде организирана обука и сертификација на 10 лица во областа на градежништвото.

Ова ќе им помогне на невработените лица да се вработат во градежниот сектор кој е растечка индустрија и еден од најголемите работодавачи во државата.