Железничката станица во Населба Чашка е дел од промоцијата на 10-те реновирани железнички станици во Македонија по линија на Паневропскиот коридор 10 и кракот 10-д, како дел од кампањата „ЕУ за тебе“ за промоција на инвестициите на ЕУ во Македонија.

Реновираните железнички …

станици во Велес и Населба Чашка денес, 23 мај 2018 година, среда се промовираа во присуство вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања – г-дин. Бујар Османи и г-дин. Кочо Анѓушев и евроамбасадорот г-дин. Самуел Жбогар.

Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски и Градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски беа домаќини на промотивниот караван.

На железничката станица во населба Чашка медиумско обраќање имаа сите претставници изразувајќи го своето задоволство од реконструкцијата и обновувањето на железничките станици се со цел подобрување на транспортната инфраструктура која се јавува основа за развој на општините и државата.

По промовирањето на железничката станица, високите претставници остварија кратка прошетка по населба Чашка.

Евроамбасадорот Жбогар оствари работна средба со Градоначалникот Стојановски и Градоначалникот Коцевски на која се зема активна дискусија за можностите и подобрување на условите за живот во населените места , со посебен акцент на образованието, развој на патната инфраструктура и руралниот туризам.

Со позитивни импресии и подадени раце за идна соработка и оствраување на видливи резултати успешно се заврши работната посета во Општина Чашка.