Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството РЕ Велес во соработка со ХЕМОМЕТАЛ Битола и Општина Чашка организираат настан за промоција на земјоделска механизација.
Населението од Општина Чашка во најголем дел се занимава со земјоделска дејност како основна или дополнителна дејност.
Општина Чашка е пропознатлива како лидер на бројот на органски земјоделски производители и прозиводи. Како институција сме … горди што се користат Владините програми за набавка на нова земјоделска механизација.
Новата современа механизација ја олеснува работата на земјоделските производители и стопанства. На лице место земјоделските производители од Чашка и Велес имаа можност да се информираат за механизацијата.
Соработката на институциите и приватниот сектор дава видливи резултати. Земјоделските производители ги користат и можностите за зачувување и постигнување на своите цели преку формирање и функционирање на земјоделско здружение „АГРОЦЕНТАР“.
Настанот беше медиумски покриен од страна на емисијата „АГРАР“ со цел промоција на добрите резултати на соработката да бидат мотив за другите општини кон создавање на заеднички настани.