Во 2022 година ЈУ ЗДРАВЕН ДОМ ВЕЛЕС започнува со спроведување на „ Програмата здравје за сите “, препознаена кај населението како рурален доктор со посета на руралните населени места.
На 8 март 2022 година, вторник здравствениот тим од ЈУ Здравен дом Велес ќе биде во Еловец, Општина Чашка.
Се известуваат жителите на населеното место Еловец дека со почеток во 9 часот ќе имаат можност да извршат превентивни прегледи за навремена контрола на крвниот притисок, телесната тежина, одредување шеќер и маснотии во крвта се битен елемент за навремено спречување на појава на кардиоваскуларни заболувања.
Кардиоваскуларните и респираторните болести се најчести заболувања кај населението како во светски рамки така и во Република Северна Македонија.
Зголемениот крвен притисок, зголемени маснотии во крвта, дебелината, дијабетот, неправилната исхрана, недоволната физичка активност, злоупотребата на алкохол и тутун се најчести ризик фактори за настанување на кардиоваскуларните заболувања.
Најзначајните ризик фактори за појава на незаразни болести, можат да се спречат и да се контролираат.
Масовните незаразни болести се водечка причина за смрт и инвалидитет ширум светот.
Причинители на висока зачестеност на масовни незаразни болести во последните децении од дваесеттиот век и почетокот на овој век се значајните и брзи промени во начинот и стилот на живот на современиот човек. Најмногу се изразени промените во начинот на исхрана, нивото на физичка активност, зголемената употреба на алкохол и тутун.
Во интеракцијата на физичката активност, храната, исхраната и на здравјето на луѓето, вклучени се следните релевантни аспекти: енергетската потрошувачка преку физичката активност како важна компонента на енергетската рамнотежа што ја определува телесната тежина.
Превентивните прегледи за навремена Едукација на населението за потребата од навремени превентивни прегледи за контрола на сопственото здравје е битен фактор за рано откривање и спречување болести.
Параметри на здравјето кои е потребно да се следат се: крвен притисок, телесна тежина, висина, индекс на телесна маса, шеќер и маснотии во крвта. На граѓаните потребно е во исто време да им се даваат и конкретни совети за грижа за сопственото здравје како совети за промоција на здрави животни стилови, поддршка за откажување од штетни животни навики, одвикнување од пушење, за начинот на исхрана и заштита од високите температури, важност на превентивните прегледи.