Градоначалникот на Општина Чашка, г-дин Горан Стојановски, беше горд домаќин на соработниците: Министерката за труд и социјална политика – г-ѓа Мила Царовска, Министерот за финснии – д-р Драган тевдовски, Градоначалникот на Општина Велес – г-дин Аце Коцевски, директорката на ЈУ Детска Градинка „Димче Мирчев„ – г-ѓа Бранислава Нацева и Директорката на ЈУ центар за социјлана работа ПЕ Велес – г-ѓа Азиза Џини.
Споменатите направија посета и свечено отварање на „Објект 8 – Бамби“, клон на …
ЈУ Детска Градинка „Димче Мирчев” – Велес.
Притоа, на нивно големо задоволство, остварија директен контакт со дечињата во градинката, поразговараа со истите и успеаа да добијат одговори на нивните прашања од ведрите и насмеани “домаќинчиња”. Оваа пријатна средба не ги остави рамнодушни, ги оддалечи од секојдневните проблеми на работните места и измами насмевки на нивните лица.
Во Општина Чашка досега немаше објект/група за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. За таа цел, Mинистерството за труд и социјална политика во рамките на својата политика за ширење на мрежата на установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст преку отварање на нови капацитети за истите, планираше отварање на објект од овој тип во Општина Чашка.
Имено, наменски адаптираниот простор се наоѓа на ул. „8-ми септември“ бб, населба Чашка, Општина Чашка, со нето корисна површина на објектот од 94,15 м2 и двор од 275 м/2.
Објектот е од цврста градба и располага со влезен ходник, 2 занимални, кујна, санитарна просторија за деца и санитарна просторија за возрасни.
Во објектот „Објект 8 – Бамби“, согласно утврдените критериуми за развиеност на детските градинки, ќе се згрижуваат до 50 деца организирани 2 хетерогени групи, на возраст од 2 (две) годишна до 6 (шест) годишна возраст, односно до вклучување во основно образование, согласно Законот за заштита на децата
Градежно – занаетчиските работи и опремувањето се обезбедени со средства на Министерството за труд и социјална политика, во вкупен износ од 3.072.647,00 денари од кои 1.733.696,00 денари за градежно-занаетчиски работи и 1.338.951,00 денари за опремување.
Средствата за вршење на дејноста на објектот „Објект 8 – Бамби“ во Oпштина Чашка ќе се обезбедуваат преку Jавната општинска установа за деца – Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес – Oпштина Велес, односно од Буџетот на Република Македонија преку блок дотации , од надоместокот на корисниците на услугата, донации и други извори на финансирање согласно закон.
Министерот Тевдовски во својата изјава истакна дека децата се нашата иднина и со вложување во нивниот развој од најрана возраст даваме придонес кон идниот просперитет на земјата. “Затекнавме бројни проблеми кај предучилишното образование. Бројот на градинки е недоволен, капацитетит се помали од потребата, исто како и бројот на вработени. Како министер за финансии можам да кажам дека Владата веднаш се заложи да се намдинат овие проблеми преку обезбедување на повече средства во буџетото. Се фокусираме да се подобри опфатот на децата во градинките односно подобрување на просторните и кадровските капацитети. Во годинешниот буџет има определено значително повеќе средства за блок дотациите за детски градинки 1,6 милјарди денари. Предвидени се средства за 200 нови вработувања во градинките како и за покачување на платите на вработените за 5% , почнувајќи од септември годинава. Во буџетот има и 58 милиони денари за изградба и опремување на детски градинки и објекти за социјална заштита.
Ќе го искористам овој настан да споделам една добра вест. На Пролетните средби најавив дека има интерес од страна на Светска банка за финансирање на проектот за изградба на детски градинки и подобрување на квалитет на социјални услуги. Проектот е во износ од 33,4 милиони денари. Во тек е Мисија на тимот на Светска Банка за проценка на проектот. Преговорите помеѓу Владата на Република Македонија и Светска Банка треба да почнат на почетокот на јули 2018 година. За крај на септември 2018 година се планира проектот да биде оодбрен од Бордот на директори на Светска Банка. Потпишувањето на договорот треба да се случи на крајот на годинава. Од овие средства ќе се доделуваат грантови на општините за изградба на нови градинки , за реновирање на постоечки и пренамена на постојни објекти за деца на предучилишна возраст. Исто така ќе преземат активности за зголемување на квалитетот на услугите во рпедучилишните установи, преку унапредување на наставните програми и обуки на кадрите. Исто така ќе се доделуваат грантови за други социјални услуги на локално ниво“ – заврши Тевдовски.
Свои изјави пред новинарите дадоа и останатите присутни на средбата – г-ѓа Мила Царовска, г-дин Горан Стојановски и г-дин Аце Коцевски. Новинарите приликата ја искористија и да добијат одговори на своите новинарски прашања, за што беа крајно благодарни.
Средбата успешно заврши со работен состанок во кабинетот на Градоначалникот со подадени раце за успешни идни соработки се со цел подобрување на квалитетот на живот во Општина Чашка и Велес.