Во организација на Сојузот на борците од НОВ од Велес на ден 17 октомври во село Богомила се одржа свеченост по повод масакрот извршен врз месното население од селата во Азот
Во с.Богомила, во кругот на селската црква на спомен обележјето што го означува местото каде се закопани стреланите членови на тајниот комитет од Азот, беше положено свежо цвеќе и се оддаде почит на загинатите.
Цвеќе положија преставници од…
Сојузот на борци од НОВ од Велес, делегација од Општина Чашка како и жители од Богомила и околните села чии родители и роднини биле стрелани.
Претседателот на ОО на СЗБ од НОВ од Велес во свечениот говор го истакна значењето и придонесот кој го дале овие борци. Тој истакна дека на ова место на 17 октомври 1942 година паднале првоборците од Азот, стрелани од бугарската фашистичка војска, а со својата херојска борба и држење пред окупаторот овие борци ги удрија темелите на ослободителното движење и дале голем придонес во текот на НОВ.
Збогатувањето на програмата за одбележување на 17 ти октомври во Богомила ја збогати Благоја Петковски кој ја посвети песната
„СЕЧЕНИЦА“.
Есен дојде Богомила врие
Народот е поробен не може да спие
Душмани растрчале по сите страни
Пленот го наслутиле како црни врани.
Во окотомври четириест и втора
Ѕверот бесен сее страшна мора
Носат во сеченица шеснаесет души
Слободарски морал, душман да ни сруши.
Знаат кај ги водат, знаат каде минат
Еден за друг врзани наскоро ќе гинат
Бугарските душмани решија за час
Оган вгради им фрлија да не пуштат глас.
Вакви ѕверства не се кријат
Вакви траги не се мијат
Кој би можел зло да прости
Кој би сакал вакви гости?