Врз основа на член 62, став (10 ) од Законот за урбанистичко планирање (“Службен Весник на РСМ” бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на РМ” бр.05/02), Градоначалникот на општина Чашка објавува:
СООПШТЕНИЕ
за организирање на јавен увид по
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА А4.3 – ВИКЕНД КУЌИ И ДРУГИ ОБЈЕКТИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ, НА КП 1545/1, КП 1545/2 И КП 1543, КO ОМОРАНИ, ОПШТИНА ЧАШКА
Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 26.08.2021 до 16.09.2021 година, а истиот може да се погледне на следниов линк.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.