Врз основа на член 62, став (10 ) од Законот за урбанистичко планирање (“Службен Весник на РСМ” бр.32/20, 111/23), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на РМ” бр.05/02), Градоначалникот на општина Чашка објавува:

СООПШТЕНИЕ

За организирање на јавен увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА А4.3- СЕМЕЈНИ КУЌИ ЗА ВРЕМЕН ПРЕСТОЈ – ВИКЕНД КУЌИ НА КП 239, КО ОТИШТИНО, ОПШТИНА ЧАШКА

Јавниот увид ќе трае 15 дена, од 10.01.2024 до 25.01.2024година, на службената веб страна на општина Чашка (www.caska.gov.mk) и е-урбанизам.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.