Врз основа на член 62, став (10 ) од Законот за урбанистичко планирање (“Службен Весник на РСМ” бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на РМ” бр.05/02), Градоначалникот на општина Чашка објавува:

СООПШТЕНИЕ
за организирање на јавен увид по
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА А4.3 – СЕМЕЈНИ КУЌИ ЗА ВРЕМЕН ПРЕСТОЈ – ВИКЕНД КУЌИ, НА КП 1058 И КП 1060, КO ОМОРАНИ, ОПШТИНА ЧАШКА

Во границата на проектниот опфат се опфатени катастарските парцели КП 1058 и КП 1060 КО ОМОРАНИ, ОПШТИНА ЧАШКА . Истата се движи како што следи:

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 2625м², односно 0.26 Ха.
Јавниот увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА А4.3 – СЕМЕЈНИ КУЌИ ЗА ВРЕМЕН ПРЕСТОЈ – ВИКЕНД КУЌИ, НА КП 1058 И КП 1060, КO ОМОРАНИ, ОПШТИНА ЧАШКА ќе се спроведе со објавување на службената веб страна на општина Чашка.
Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 14.09.2022 до 05.10.2022 година, на службената веб страна на општина Чашка (www.caska.gov.mk)
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.

Со почит,
ОПШТИНА ЧАШКА
Горан Стојановски, ср

Синтезниот план за проектниот опфат можете да го превземете ОВДЕ.