Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (“Службен Весник на РСМ” бр.32/20, 111/23, 171/24), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на РМ” бр.05/02), Градоначалникот на општина Чашка објавува:

СООПШТЕНИЕ
за организирање на јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А1.5– куќи во состав на селско стопански двор, на КП 593, дел од КП 594, дел од КП 592 и дел од КП 596/1, КО Мелница, Општина Чашка

Јавниот увид ќе трае 15 дена, од 23.04.2025 година до 08.05.2025 година, на службената веб страна на општина Чашка (www.caska.gov.mk) и е-урбанизам.


Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.

Во прилог: