Согласно предвидените активности на територија на Општина Чашка се спроведува две работилници како дел од проектот „Стратегија за лица со инвалидност-ЛАПЛИ“. Имено јасно се дефинираа приоритетните области на ЛАПЛИ и анализа на состојби на локално … ниво.

Проектот се спроведува во трите општини и тоа: Чашка, Градско и Кавадарци и е со времетраење од 9 месеци. Стратегијата односно локалниот акционен план за лицата со инвалидност ќе биде за период од 4 години. Присутните учесници на работилницата работеа во групи и тоа: пристапност, културно–спортски активности, образование, здравствено-социјални услуги, подигнување на јавната свест, сервисни служби на локално ниво.

Проектот се имплементира од страна на здружението на лица со цербрална парализа Велес финансиран од Европската Унија