Советот на Општина Чашка, по доставената информација од страна на централните општински училишта за бројот на ученици кои потекнуваат од семејства со социјален ризик, а немаат можност да следат (online) настава, на својата 46-та седница донесе одлука:


1 000.000 денари од општинскиот буџет да бидат употребени за набавка на таблети, кои ќе им бидат доделени на ООУ ,,Лирија” и ООУ ,,Тодор Јанев”, наменети за ученици од социјално ранливи семејства.