На седницата што се одржа на ден 27.12.2017 година, Општина Чашка го презентираше Предлог Буџетот на Општина Чашка за 2018 година кој изнесува 114.010.529 денари каде што трансферите и донациите од централната власт имаат доминантна улога.

Истиот е изготвен во согласност со Насоките за изготвување на буџетите на единиците на локалната самоуправа (Буџетски циркулар) доставени од страна на Министерството за финансии на Република Македонија. Еден од најзначајните акти што во 2017 година ги усвои Советот на Општина Чашка е Буџетот на …

општината и Одлуката за извршување на буџетот, со прифаќање  од страна на Советот

Покрај присутните проблеми за враќање на долговите, општина Чашка во наредната 2018 година планира да  финансира  инфраструктурните објекти во општината како основна цел за подобрување на условите за живеење и подобрување на условите за развивање соодветни бизниси.