НВО Инфоцентар во соработка со АКТИВО Велес и Општина Чашка успешно ги спроведоа работните средби по населени места.

Согласно предвидените активности за собирање на потреби и приоритети на граѓаните на Општина Чашка, со посебен осврт на малцинските заедници се посетија населените места и тоа : Горно Врановици, Лисиче, Богомила, Согле , Извор, Теово, Мартолци, Мелница , Населба Чашка, Горно Јаболчиште. Долно Јаболчиште и Бањица. Во период од 18 ноември до 24 ноември 2021 година , се собраа предлози од вкупно 165 лица, од кои 10 мажи и 64 жени, од кои 95 Македонци, 57 Албанци и 13 Турци.

Жителите ги искажаа своите потреби , кои се однесуваат на патна и комунална инфраструктура, социјална и здравствена заштита, образование , спорт и квалитет на живот.

Дел од предлозите ќе бидат вмемнати во годишните програми за работа за 2022 година, а за останатите потреби ќе се изнајдат домашни и странски донатори се со цел да се задоволат потребите на жителите со цел да се задржи месното население.

Општина Чашка се залага за подобрување на квалитетот на живот и нудење на услуги за жителите.