Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски оствари успешна работна средба со амбасадорот на Република Полска во Северна Македонија, Н.Е. Војциех Тицињски, во претставништвото на амбасадата.
При денешната средба официјално се потпиша и договор за грант во висина од 10.330 евра за реализација на проектот ,,Мултифункционални спортски терени” – инвестиција за населените места Лисиче и Бањица.
Со проектот предвидена е изградба на две мултифункционални игралишта во наредните три месеци, наменети за деца и млади, во овие населени места. Овој проект овозможува подобри услови за спорт и рекреација.